Нашата приказна

Брзината на урбаното живеење само по себе наметнува динамика на функционирање во која човекот е во неможност да се заштити од штетноста на загадувањето кое самиот го произведува движејќи се низ градските четврти, обавувавјќи ги секојдневните активности. Истото тоа загадување се враќа назад во човечкиот организам преку: воздухот што го диши, храната што ја јаде и течностите што ги пие. Затоа кај современиот купувач развиена е свесност од користењето на производи кои имаат природно и органско потекло, а истите да се делумно развиени, без никакви хемиски додатоци и кои имаат докажани придобивки за човековото здравје. Овие производи се лесно препознаени од купувачот и се особено барани како на домашниот така и на странските пазари.
Определбата на Бионовел Плус доо е да преку максимално искористување на сопствените капацитети внимателно се одберат состојки во природата кои се најкорисни за искористување во човечкиот организам. Водени од нашата грижа за човековото здравје, наша цел е да произведеме асортиман на додатоци во исхраната кои: имаат природен состав (без дополнителни додатоци), потекнуваат од органско потекло, имаат голема корист за човечкиот организам, а да бидат развиени и произведени во контролирани услови со што ќе бидат сигурни и безбедни за употреба.

Приказната за БИОНОВЕЛ ПЛУС започна во 2017 година знаењето и искуството се соединија за да создадат компанија која поддржува креативност, иновација и природа.
Нашиот главен фокус е да се најдат вредните состојки од природата и истите да се направат достапни за популацијата. Нашиот асортиман вклучува природни додатоци во исхраната како и специјални производи за медицинска употреба.
Нашата главна цел е да се најдат најдобрите состојки од природата, да се креираат иновативни производни постапки за да се зачува нитритивната вредност на состојките, како и истите да се спакуваат за полесна употреба. Имаме ISO 9001 и HACCP сертификати.

Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.

Визија

Визијата на Бионовел Плус е да се вратат природните нутриенти во животот на модерниот човек преку користење иновативни постапки за производство. Ние сме определени да користиме само природни производи и да ги доведеме на минимум процесните чекори на преработка за да ја вратиме природата во животот на модерниот човек.

Мисија

Мисијата на Бионовел Плус е да се откријата и креираат иновативни производи кои ќе го подобрат животот на луѓето во целиот свет.

Вредности

Нашите вредности не водат во се она што правиме и служат како база на доверба и почитување према нашите колеги, соработници и заедници.

Нашите вредности вклучуваат:
  • Политика за производи со премиум квалитет
  • Иновација и креативност во сите процеси
  • Флексибилност и прилагодливост на барањата на соработнците
  • Стремеж кон создавање на процеси со нула отпад
  • Етичко однесување во компанијата и во генералната пракса
  • Политика за постојано учење и надградување
  • Грижа за здрава и одржлива животна средина